Тетово: Тројца малолетници и 19-годишник со украден автомобил повредиле тројца полицајци
Тројца малолетници и 19 годишник попладнево биле приведени во Мала Речица откако претходно со украдено возило не запреле на полициските наредби, по што оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полицајци. Четворицата млади луѓе на крај во Мала Речица удриле со нивното возило во бандера.
-Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 16 часот и 20 минути во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено. Лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера. Тие во два наврати се оглушиле на наредбите на полициските службеници да застанат и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово, по што удриле во дрвена бандера, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, додека полициските службеници на СВР Тетово пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Ново на Сител
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија