Македонија
31. October 2021 - 14:18

Тетово: Граѓани се жалат дека ги нема во избирачкиот список

Во Тетово има технички проблеми на неколку избирачки места но од ОИК информираат дека тие пречки биле брзо надминати, и дека сега во споредба со првиот круг се во многу помал број.

Но, имало и граѓани кои се пожалиле дека ги нема во избирачкиот список и дека не можат да го остварат своето право на глас. 

Од ОИК за Сител изјавија дека имало мали проблеми со уредите за фингерпринт но дека тие веднаш биле надминати. Прифатени барања до сега се 7, а имаат добиено и уште 7,8 приговори кои се пуштени до ДИК и за кои се чека одобрување или одбивање.