Тетовец нападнал полицаец
Жител на Тетово 49 годишен заврши во полициска станица на распит откако ноќеска нападнал полицаец. Нападот се случил околу 1 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, информира полицијата.
– Ноќеска околу 1 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го запреле 49-годишниот тетовец Ј.С. Тој прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-тина напади вкупно за 2018-та година. Во најголем број случаи полицајците биле вербално напаѓани и омаловажувани, а помалку се физичките напади. Граѓаните кои извршиле таков напад потоа се соочуваат со кривични пријави за спречување службено лице во вршење на службено дејствие.
Ново на Сител
-
Се уште не се знае каде ќе се суди за трагедијата во Кочани
-
И денеска судења против Мерко
-
Тошковски и Коцевски потпишаа нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство
-
ЈКП – ЈА бараат да плаќаат за струја по тарифи како и за физичките лица
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија