Македонија
2. April 2019 - 15:33

Тетовец ја принудувал сопругата на проституција, собрала храброст и го пријавила во полиција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(29) од село Горно Орашје, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција“.

На 26 јануари минатата година во Тетово, пријавениот договорил средба со лице од Косово и ја однел неговата сопруга во зграда, каде таа на лицето за паричен надомест му дала сексуални услуги, по што парите му ги предала на пријавениот.

На овој начин, пријавениот во неколку наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги, по што таа го пријавила во Полициското одделение Теарце.