Македонија
4. July 2018 - 13:54

Тетовчанка тероризирана преку социјалните мрежи, еве што и се случило

Вчера С.А. (46) од Тетово пријавила злоупотреба на лични податоци од засега непознато лице. Лицето, од лажно креиран профил на социјална мрежа, и испраќало пораки со различна содржина и компромитирачки видео материјал.

Откако му кажала дека ќе го пријави случајот, нејзината фотографија била повлечена, но останал текстот и барање да му испрати друга фотографија, зашто во спротивно на сите сајтови ќе објавел и други компромитирачки материјали.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.