Тетовчанка ги шокираше цариниците во Србија: Во нејзиниот куфер пронашле змии…
Цариниците на аeродромот “Никола Тесла” во Белград спречиле во Србија да биде внесено шише со егзотичен азиски пијалок со змија и скорпија. Инаку, ова претставува најчест сувенир којшто туристите знаат да го понесат од егзотичните азиски дестинации.
А целиот случај станува уште поинтересен бидејќи се работи за 27-годишната Марија од Тетово, којашто живее и работи во Скопје.
Таа била на егзотична туристичка тура во сопствена режија на релација Шангај – Камбоџа – Виетнам, а враќањето назад, заедно со сувенирите и убавите спомени, за нејзе се претворило во едно сосема непријатно искуство.
“Бевме на егзотична тура, на релација Шангај – Камбоџа – Виетнам, самоиницијативно, без агенција, со купени авионски карти и потрага по сместување на лице-место. А токму во Камбоџа е многу евтино да се купи едно големо шише ракија со кралска кобра. Истото ќе ве чини околу 10 долари, додека помалите чинат од 3 до 4 долари. Цените се сосема разбирливи бидејќи таму има многу кобри, па токму затоа ова е и најразумен и најоригинален сувенир којшто еден турист може да си го понесе од Камбоџа”, изјави Марија за Точка.
Шишето со егзотичниот пијалок било пронајдено во нејзиниот куфер помеѓу останатите работи, а проблемот настанал поради фактот дека змијата му припаѓала на заштитен вид, па за пренос преку граница била потребна и посебна дозвола којашто таа не ја поседувала.
“Всушност јас сакав да купам и мало крокодилче, препарирано, ама токму поради страв да не се случи некаков проблем со граничните служби, таа идеја пропадна. Ако го понесев и овој сувенир, досега веројатно ќе бевме во затвор!”, додава Марија во својата изјава.
Но, Марија смета дека шишето и воопшто не е запленето, туку “присвоено”, за некој друг да си го чува како уникатен сувенир. Нејзиниот коментар е дека и покрај тоа што поминала 6 други авиони, никој не ѝ направил никаков проблем, сè додека не се соочила со цариниците во Србија.
Денешен.мк
Ново на Сител
-
Митровденска задушница - спомен за починатите
-
Во Берово утрово минус три, во Крушево, Виница, Гевгелија измерени шест степени Целзиусови
-
Нормализиран сообраќајот на патот Тетово - Гостивар
-
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Мицкоски: Лесна земја на загинатите во Нови Сад, брзо закрепнување на повредените
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
-
Објавен идентитетот на загинатиот Македонец во Нови Сад
-
Штипјанец си ја убил девојката, сам се пријавил во полиција