Македонија
22. February 2017 - 16:34

Тет а тет средбата на Ахмети и Заев доцна синоќа заврши без договор

Тет а тет средбата на Ахмети и Заев заврши без договор. Лидерите на ДУИ и СДСМ вчера информираа дека со разговорот надминале одредени разлики. Разговарале како да се најдат уставни решенија во законот за употреба на јазиците.  Заев рече дека ги очекува потписите, а ако останат отворени прашања лидерот на СДСМ  вели дека не завршува денот на преговорите, може за шест месеци да остават тие да се толкуваат. Тврди дека двете страни во преговорите се држат до уставот.

Ахмети по изјавата на Заев истакна дека не разговарале за потписи, туку за разликите кои ги имале со СДСМ.

„Употребата на  албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме и Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во меѓувреме, очекуваме експертите да најдат решенија. “

Централното претседателство ДУИ го свика денеска  на кое се очекува да се разговара за преговорите со СДСМ  и деталите од синоќешната средба на лидерите Ахмети и Заев.