Тесла има биткоини во вредност од 2,5 милијарди долари
Тесла во моментов има биткоини вредни околу 2,5 милијарди долари, според документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност и пазар на капитал (ДИК).
Ова значи дека производителот на електрични автомобили на хартија остварил значителен профит само неколку месеци откако инвестираше во најголемата крипто валута во светот.
Компанијата во документите навела дека нејзината инвестиција во нестабилната дигитална валута е вредна 2,48 милијарди долари на крајот на март, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Тесла на почетокот од годинава соопшти дека купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и оти планира да ја прифати таа криптовалута како средство за плаќање за набавка на своите возила.
Според финансискиот извештај за првиот квартал од 2021 година, Тесла од продажба на биткоини заработила нето 101 милион долари, што придонесе за скок на нето добивката на компанијата на рекордно ниво.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти