Македонија
30. јуни 2022 - 17:11

Тешко повредено дете откако врз него паднала метална врата на игралиште во Скопје

На 29.06.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, Р.Ж.(65) од Скопје пријавила дека на 28.06.2022 околу 20.30 часот на фудбалското игралиште на ул.„Бојмија“ на нејзиниот малолетен внук паднала метална врата, информираа од МВР.

Малолетникот бил пренесен на Детска хирургија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.