Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило
Во Полициската станица Чаир вчера во 19.00 часот било пријавено дека дента околу 14.30 часот на подрачјето на Аеродром, 39-годишна жена заедно со две малолетни деца биле исфрлени од возило управувано од нејзиниот вонбрачен партнер Ф.Ф. (24 ) од село Радуша, соопшти МВР.
При укажување на лекарска помош во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ констатирани се тешки телесни повреди како кај 39 годишната жена така и кај нејзините две малолетни деца, кои што според кажувањето на мајката биле предизвикани од Ф.Ф. кој што во изминатите три дена во куќа во селото Визбегово ги тепал со тврд предмет неа и нејзините две деца. Постапувајќи по пријавата полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Ф., како и неговиот татко И.Ф (68) кој што во текот на полициското службено постапување со секира ги нападнал полициските службеници.
По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени