Македонија
29. December 2022 - 12:25

Тешко повредена 21 годишна девојка откако со своето возило удрила во банкина

На 28.12.2022 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.