-->
-->
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа во Гостивар
-->
Едно лице утрово е потешко повредено во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, што се случила на една од попрометните улици во Гостивар.
Од гостиварската полиција потврдија дека околу 7:30 на улицата „Беличица“ дошло до судир на три возила „фиат чинквеченто“ управуван од Е.Р. (31), „бмв“ управуван С.Ш. и паркирано транспортно возило „ивеко“.
Од првичните сознанија, возачот на фиатот со тешки телесни повреди бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде е згрижен.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Гостивар, по што ќе се утврдуваат причините кои доведоа до сообраќајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?