Тешко повреден работник во Велес
Во СВР Велес вчера било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 55 годишниот Г.В.. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување работни задачи во фирма во Велес. Увид на местото извршила увидна полициска екипа, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.
Како што информира за МИА, Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница, вчера попладне на Хирушкото одделение на болницата бил примен повредениот работник на кого му била укажана лекарска помош, по што бил испратен на Одделот радиодијагностика. Тој со резултатите бил испратен на хирург кој му укажал медицинска помош.
Поради специфичноста на повредите по два часа со возило со итна медицинска помош на велешката болница бил препратен на понатамошно лекување на Клиниката за трауматологија во Скопје.
Ново на Сител
-
Филков: Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност
-
Земјотрес од 3.6 степени со епицентар во Валадово, почувствуван и во Струмица и околината
-
Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи
-
Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани
-
Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија
-
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
-
ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции
-
Мобилизирани сите тимови во Штипската клиничка болница за укажување помош на повредените од пожарот во Кочани