Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.
Синоќа во 18.30 часот во ОВР Кавадарци, Е.Н.(22) од Кавадарци пријавила дека на улица „Вишешница“ во Кавадарци била физички нападната од В.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта