Македонија
11. April 2021 - 18:45

Тешко повреден работник од Инџиково пренесен во болница

Со тешки телесни повреди вчера се здобил 63-годишниот С.Д. од скопско Инџиково при вршење градежни работи на објект.

Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен од Итна медицинска помош во Полициска станица Ѓорче Петров.

Несреќата се случила во близина на фирма во скопската населба Стопански Двор. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Трудов инспектор.