Македонија
1. May 2021 - 18:52

Тешко повреден пешак откако бил удрен со трактор

На 30.04.2021 во 19.10 часот било пријавено дека во с.Сушица, трактор „масеј фергусон“,  без регистарски ознаки, управуван од З.Т.(34) удрил во пешакот Т.С.(38), и двајцата од с.Сушица. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.