-->
-->
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајката кај Католичка црква
-->
Вчера во 12 часот на ул. „Митрополит Теодосиј Голованов“ дошло до судир помеѓу патничко возило „Хјундаи И-30“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В. (64) од Скопје и мотоцикл „Априлија Атлантик-500“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З. (48) од Скопје.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.
Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата