-->
-->
Тешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа помеѓу мопед и автомобил
-->
На 27.07.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маршал Тито“, „Филип Втори“ и „11 Октомври“ во Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Свети Николе и патничко возило „мазда“, со германски национални ознаки, управувано од И.Н.(29) од Свети Николе.
Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил сопатникот, констатирани во ЈЗУ Свети Николе. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден