Македонија
26. September 2022 - 12:03

Тешко повреден малолетен пешак во Кавадарци

На 25.09.2022 во 19.53 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на ул.„Шишка“ во Кавадарци, на излез од населбата Глишиќ кон с.Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.Н.(31) од Кавадарци, удрило во малолетен пешак од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Кавадарци. Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Кавадарци.