Македонија
27. November 2021 - 12:34

Тешко повреден гостиварец откако излетал од патот

На автопатот Гостивар-Тетово се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото откако претходно излетал од патот.

На 26.11.2021 околу 16.15 часот на автопатот Гостивар-Тетово, пред клучка „Камењане“ патничко моторно возило „хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од А.Б. (53) од Гостивар излетало од патот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., кој е пренесен во клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.