Македонија
26. August 2017 - 13:30

Тешко поврдено седумгодишно дете по пад од велосипед

Седумгодишно дете од Битола вчера здобило тешки телесни повреди откако, возејќи велосипед, изгубило контрола и се излизгало на земјена површина, соопшти полицијата.

Настанот се случил во 18:40 часот на улицата „Довлеџик“.

Детето е пренесено и задржано на лекување во КАРИЛ - Битола, а увид изврши екипа на СВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.