-->
-->
Тешка сообраќајна несреќа во Трубарево, петтмина повредени
-->
Во 21.10 часот на регионален пат Скопје-Велес, во селото Трубарево, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Г.В. од Скопје и возило „Мерцедес Ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот У.М. од село Студеничани, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото „Мерцедес“, Ќ.А.(45) и М.И.(18) од село Студеничани на кои им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „Мерцедес“, А.И.(31) од село Студеничани.
Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром