Тешка сообраќајна несреќа во скопско
На 24.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Љуботен, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61) од с.Љуботен, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М.(54) од с.Ласкарци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(19) од с.Љуботен, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М.(55) од с.Љуботен,скопско, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Можно ли е деблокирање на спорот со Бугарија?
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ