Македонија
8. October 2018 - 14:28

Тешка сообраќајна несреќа кај Маврови Анови - повредена жена

Сообраќајна несреќа се случила вчера кај Маврови Анови, едно лице повредено. Како што информираат од полицијата, вчера  околу 14.00 часот на регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови патничко возило „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.К.(80) од Гостивар, загубило контрола и излетало од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.К.(74 ), исто така, од Гостивар.

Таа била пренесена во болницата во Гостивар каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.