-->
-->
Тешка сообраќајка во Велес: 45-годишен маж почина на пат кон болница
-->
Во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10 часот на крстосница од улицата „АСНОМ“ и улицата „Андон Шурков“ во близина на бензиската пумпа „Црна река“ во новиот дел на Велес, животот го загуби 45- годишниот С.А.
Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило и патнички автомобил.
- Во моментов, надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Велес во содејство со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес врши увид на лице место, појасни Стојковска.
Од службата на Брза помош велат дека тие на повикот веднаш стигнале на лице место, а повредениот обилно крварел и се уште бил жив, но на пат кон болница лицето починало.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден