-->
-->
Тешка сообраќајка во Скопје, две лица пренесени во Ургентен
-->
Две лица се повредени во сообраќајка која вчера попладне се случила во Скопје.
Несреќата е пријавена на улицата „Архимедова“, а во истата учествувале „Фолксваген поло“, управувано од Ш.И.(37) од Скопје и „Мерцедес А180“, двете со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од Скопје.
– А.А. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот во возилото „Фолксваген поло“, С.Г.(42) од Скопје се здобил со телесни повреди. Со возило на итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им била укажана лекарска помош, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино