Македонија
16. November 2016 - 19:49

Тешка сообраќајка во нас.Гоце Делчев, загина девојка

 
Девојка на возраст од околу 25 години попладнево го загуби животот во сообраќајка несреќа која околу 16:30 часот се случила во населбата Гоце Делчев, скопско, дознава Курир.
 
Според информациите до кои дојде Курир во несреќата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „Пежо“ кој го управувал сега починатата девојка.
 
По тешката сообраќајка девојката била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на повредите.
 
Од полицијата потвдруваат дека случена е сообраќајна несреќа, но повеќе детали ќе бидат познати подоцна