-->
-->
Тешка сообраќајка во Кисела Вода, повредени две лица
-->
Две лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 22 часот во скопската населба Кисела Вода.
Од МВР информираат дека несреќата се случила на крстосницата од улицата “Народни херои“ и улицата “Вера Јоциќ“.
-Во сообраќајна незгода учествувале “Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(37) од скопско Чифлик и мотоцикл “Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(22) од Скопје, велат од полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Ѓ.М.(24) од Скопје, а со телесни повреди се здобил моторциклистот и биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај