Македонија
9. јуни 2021 - 8:29

Тешка сообраќајка во Кисела Вода, има загинати и поголем број повредени лица

Најмалку двајца загинати и шестмина повредени во тешката сообраќајна несреќа која доцна вчера вечер се случила на булеварот Борис Трајковски, јавува „Инфомакс“.

Порталот пишува дека сообраќајката се случила во близина на крстосницата со булевар Србија.

Според неофицијални информации, станува збор за млади лица. Во сообраќајката учествувале пет возила.