Македонија
20. January 2016 - 23:20

Тешка сообраќајка во Аеродром, автомобил се заби во жардиниера

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Трета македонска бригада“ во скопската населба Аеродром, кога возило со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во бетонска ограда среде булевар.

soob

Според очевидци на настанот, возачот на едниот автомобил возел премногу брзо и сакајќи да избегне судир со друго возило, излетал од патот и директно се забил во жардиниера.

soobr

Полицијата врши увид на местото на несреќата, а засега нема информации дали има жртви или повредени.

soo

soobrak

Фото: Република