-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп - повредени две лица
-->
Едно лице е потешко, а друго полесно повредено во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај тунелот по Дреновската клисура.
Информација ја потврди Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.
- Имавме повик и веднаш заминавме на местото. Сообраќајната несреќа е на границата на општините Кавадарци и Прилеп и затоа била повикана и брзата помош од Прилеп, чие медицинско возило повредените ги однело во прилепската болница, соопштија од кавадаречката служба за итна медицинска помош.
Според нивните сознанија, во несреќата учествувале голем и помал автобус, како и еден патнички автомобил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите
-
Ангелов: На пожарот во с. Брезница дејствува чешки хеликоптер „Блек хок“, од огнот не е зафатено ловиштето Јасен
-
Зеленски: Војната мора да заврши под украински услови
-
Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш
-
Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола
-
Полициска акција во Желино: Во ноќен клуб приведени странски државјани
-
Палестинец со нож убил две и повредил уште две други лица во градот Холон, во централен Израел
-
МНР ги повика македонските граѓани веднаш да го напуштат Либан