Фудбал
11. March 2016 - 14:56

Тешка повреда за најдобриот стрелец на Вардар

Лидерот во фудбалскиот шампионат на Македонија, екипата на Вардар, сезоната ќе ја заврши без својот најдобар стрелец Дејан Блажевски, кој на тренинг се здобил со тешка повреда.
 
Блажевски, стрелец на девет голови во досегашниот дел од првенството, ги скинал лигаментите на коленото. Вообичаено, рехабилитацијата по ваквите повреди трае од шест до осум месеци.
 
Вардар е лидер во првенството со 52 бодови, пет повеќе од единствениот конкурент за титулата, екипата на Шкендија.