Терористите што планирале напади во Берлин во Германија дошле преку Балканот
Четворицата припадници на џијадиситчката група Исламска држава (ИД), кои под сомнеж за организирање терористички напади во Германија беа приведени во три азилантски центри, во земјата влегле преку „балканската бегалска рута“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, лидерот на групата во Германија пристигнал минатата година како бегалец, по што бил сместен во прифатен центар за азиланти.
Според германските медиуми, апсењето на четворицата осомничени спречило големи напади на цели во Берлин и други европски центри. Во Берлин нападите требало да бидат извршени на познатиот „Александер Плац“, каде секојдневно се собираат десетици илјади граѓани и туристи.
Двајца од осомничените предходно повеќепати влегле во Германија и работеле во компанија за автобуски транспорт на бегалци на „Александер Плац“ и други туристички локации во Берлин.
Лидерот на групата е 35-годишен Алжирец уапсен во центарот за азиланти во Атендорн во Северна Рајна - Вестфалија. Тој во Германија влегол минатата есен како бегалец преку „балканската рута“, по што бил регистриран во Баварија.
Германските медиуми по апсењето го поставуваат прашањето како е можно лидерот на групата да добие азил и покрај тоа што Алжир за него има издадено меѓународна потерница поради учество на воен тренинг во Сирија.
Првиот човек на Германскиот полициски синдикат досега во неколку наврати предупреди дека неговата земја нема доволно ресурси за да ги провери сите баратели на азил и дека Владата во Берлин не сака тоа јавно да го признае.
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа