Свет
6. May 2018 - 13:25

Терористички напад врз џамија во Авганистан, најмалку 10 убиени

- Најмалку 10 лица биле убиени, а 30-ина се ранети во денешниот терористички напад во авганистанскиот град Кхост, на истокот на земјата.

Напаѓачите активирале бомба во џамијата Јакуби кога верниците биле собрани за попладневната молитва. Во џамијата бил отворен и центар за пријавување на гласачи, и се претпоставува дека тоа било причина за терористичкиот напад.

Претходно денеска седум Индијци вработени во електро-техничка компанија беа киднапирани во северната авганистанска област Баглан. Се претпоставува дека грабнувачите се членови на талибанското движење.