Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
Шест лица загинаа, а девет се повредени во пукотница во Тел Авив, соопшти израелската служба за итни случаи. Тие првично објавија дека загинале осум лица, но бројката е ревидирана на шест.
Полицијата соопшти дека инцидентот сега е под контрола. „неутрализирани“ се двајцата напаѓачи, кои според полицијата биле „очигледни терористи“.
Едниот бил вооружен со автоматска пушка, а другиот со нож.
Израелската национална служба за итни случаи извести дека инцидентот се случил во близина на железничката станица Јафа.
На вознемирувачките снимки кои се појавија на социјалните мрежи, може да се забележат луѓе како лежат безживотно на станицата, додека сè уште се слушаат истрели.
Израелските лекари претходно рекоа дека на местото на настанот имало најмалку седум повредени лица, изјави портпаролот на МДА.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација