Балкан
25. January 2017 - 21:31

Терористички напад во Приштина, рафали во близина на холандската амбасада

Вечерва во близина на амбасадата на Холандија во Приштина, се сличил вооружен напад, јавија приштинските електронски медиуми на албански јазик, повикувајќи се на полициски извори.

Меѓутоа според наводите на полицијата нападот не бил насочен кон амбасадата, а според прелиминарните информации, нападот се случил во една куќа во близина на амбасадата, но полицијата не сакаше да ги изнесе деталите за нападот ниту што било потенцијалната мета.