Терористички напад во Ерусалим | ВИДЕО
Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени.
Видовме жена и четворица мажи како лежат на патот. Тие се здобиле со прострелни рани и немале знаци на живот. Моравме веднаш да ја потврдиме нивната смрт – изјавил доктор Фади Декидек за „Џерусалим пост“.
Престрелката во еврејската населба Неве Јаков уследи по смртоносниот напад на израелската армија во четвртокот на Западниот Брег во кој загинаа девет Палестинци, а десетина подоцна беа убиени северно од Ерусалим, пренесува АП.
По пукањето вечерва, итната служба на Маген Дејвид Адом објави дека 10 лица побарале лекарска помош, од кои некои се во критична состојба.
Израелската полиција соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен, а на местото на настанот имало голема полиција, пренесе Блиц.рс.
Ново на Сител
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Скроена новата потрошувачка кошничка
-
Министерот за европски прашања на Унгарија во посета на Македонија