Балкан
25. August 2015 - 9:00

Терористи уништија дел од гасовод во Турција

Терористичка група уништила дел од гасовод Баку-Тбилиси-Ерзурум во турската провинција Карс. Полицијата соопшти дека нападот го извршиле околу 20 припадници на Курдската работничка партија (ПКК).

Експлозијата се случи доцна синоќа. Локални медиуми јавија дека е прекинато снабдувањето со гас. Во тек е гаснење на пожарот.

Околните реони се под контрола на жандармеријата и на армијата. Турски медиуми јавуваат и за престрелки со напаѓачите. гасоводот беше пуштен во употреба во 2007 година.