Tерорист од Чаир стана министер во Сирија
Абу Катада Албани е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, откако долги години ја предводеше џихадистичката група „Џемати Албан“, која ја сочинуваат претежно Албанци од Косово и Македонија, пишува „Информер.рс“.
Тој е Албанец роден во Скопје, во населбата Чаир на 25 септември 1976 година, под името Абдул Јашари. Албани претходно беше лидер на Фронтот Ал Нусра, што доведе до тоа да се најде на црната листа на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.
Тој тврди дека бил на боиштата на Блискиот Исток, главно Сирија, во последните 12 години.
Единицата „Џамати Албан“, вели тој, е основана во 2012 година и била активна во сите поголеми битки во северозападна Сирија.
„Албанските борци одиграа важна улога, не само на теренот, туку и во планирањето и координацијата на операциите“, рече тој.
Во летото 2018 година, оваа група објави видео со наслов „Албански снајперисти од Сирија“ во кое зборуваат за нивното учество на сириското бојно поле.
33-минутното видео набрзо беше отстрането од интернет, а по овие информации, Франце Соир објави поширока приказна за единицата.
Според овој весник, тие им се придружиле на џихадистите во едно од најсилните упоришта на исламистите во Идлиб.
Тогаш беше откриено дека тие се бореле во Сирија како дел од џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).
Според истиот извор, Абу Катада Албани набрзо станал лидер на Фронтот Ал Нусра, поради што во 2016 година бил на црната листа на американското Министерство за финансии и обвинет за тероризам.
Француските медиуми тврдат дека оваа единица во тоа време имала околу стотина припадници, а најголем број имало во март 2015 година, кога групата имала околу 500 борци, главно од Косово и од Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка