-->
-->
Teри ќе игра и ќе го тренира Бронби
-->
Капитенот на Челзи, Џон Тери, наредната сезона ќе биде тренер и играч на данскиот прволигаш Брондби, пренесува The Guardian. Според истиот извор, Тери ќе ја прифати понудата на својот добар пријател Јан Бек Андерсон, кој е претседател на Бронди, поради фактот дека ќе може да игра фудбал и истовремено да ја започне тренерската кариера.
Живата легенда на Челзи, Џон Тери, од клубот во кој ја мина целата своја кариера, нема да добие понуда да го продолжи договорот, а иако се шпекулираше дека тој ќе замине во САД или во Кина, сепак ќе остане во Европа, односно во дански Брондби.
Тери (35) со Челзи освоил 16 трофеи, меѓу кои пет во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.
Најпопуларниот дански тим (десет титули во шампионатот), повеќе од една деценија нема остварено значаен резултат, откако во 2006 година започна да се соочува со финансиски проблеми.
Ситуацијата во Брондби започна да се подобрува во 2013 година кога во клубот пристигна новиот менаџмент.
Менаџментот во тимот успеа да ги врати своите поранешни играчи, Даниел Агер и Јохан Елмандер.
Како резултат на новната работа, минатата сезона Брондби го освои третото место и избори пласман во Лига Европа, а истиот резултат најверојатно ќе го повотрат и во тековната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР