Македонија
14. јуни 2016 - 13:47

Терестичка дезинсекција утре во Липково

Центарот за јавно здравје Куманово информира дека утре, во доцните ноќни часови екипи од центарот ќе извршат терестичка дезинсекција на територијата на општина Липково.

Епидемиологот од Центарот за јавно здравје доктор Јадранка Стаменковска, ги повика пчеларите од подрачјето на Липково да преземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства.

Со дезинсекцијата ќе се спречи појава на вектор-преносливи болести кои ги пренесуваат комарците. Поради неповолни временски услови дезинсекцијата може да се одложи наредниот ден. Станува збор за прва фаза на терестичка дезинсекција во оваа општина, а наредната недела тересичка дезинсекција ќе се изврши во општините Старо Нагоричане и Ранковце.