Македонија
4. October 2018 - 15:04

Тепачка во скопска Кисела Вода

Тепачка во Скопје, група млади лица  физички се пресметале пред сендвичара на булеварот Борис Трајковски. Како што информираат од полицијата,  околу 1:15 часот пред сендвичара на булеварот „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата З.Т.(18) с.Таренци-штипско, Ј.М.(20) и Ф.В.(18) двајцата од Скопје, од една страна и лицата Т.С.(26) и М.С.(20) од Скопје, од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.