Македонија
14. September 2017 - 12:41

Тепачка во позната скопска кафеана: Настрадаа двајца гости и целиот инвентар

Вчера околу 20.50 часот во угостителски објект на ул. „11 Октомври“ во Скопје дошло до нарушување на jавниот ред и мир. Лицата Ф.Т. (45) и И.Х. (56), двајцата од Скопје, кои седеле со уште две лица во објектот, физички биле нападнати од страна на повеќе лица, меѓу кои биле Е.Р. и М.Р. од Дуќанџик.
 
Физички биле нападнати само Ф.T. и И.Х, додека на другите двајца им било кажано да се тргнат на страна.
 
При тепачката бил искршен поголем дел од инвентарот од локалот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.