Балкан
21. September 2015 - 17:41

Тепачка во центарот на градот, едно лице пренесено во болница

Едно лице било претепано изутринава околу осум часот во центарот на Зеница.
 
Средовечен човек бил пренесен во локалната болница, а на местото останаа големи локви крв.
 
Портпаролката на полицијата потврдила дека утрово избила физичка пресметка межу две лица, но не можела да кажува детали.
 
Местото е обезбедено од полицијата.