Тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, полицијата ги привела
СВР Велес вечерва излезе со официјална информација по видеото за тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи.
- Денеска околу 01.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појасни за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Градоначалникот Митко Јанчев рече дека по информациите добиени од МВР, во понеделник ќе преземе чекори и најави разрешување на директорите на основни училишта.
Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во јавноста.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце