Македонија
2. November 2023 - 12:48

Тепачка меѓу две сестри во тетовско: Поголемата ја истепала и со остар предмет ја повредила малолетната сестра

Вчеравечер во 21 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека во тетовската Kлиничка болница била донесена малолетничка од тетовско село со повреди од остар предмет и со други повреди по телото.

По преземени мерки било утврдено дека повредите и ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка.

Тие според полицијата претходно се скарале а следела и физичка пресметка.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.