Тензии во односите Атина-Тирана поради смртта на албански мигрант
Тирана од властите во Грција побара до крај да ги истражат причините за смртта на албански мигрант, кој откако бил осуден на осум години затвор за извршен грабеж, скокнал од прозорецот на полициска станица во Атина, информираат грчките електронски медиуми.
Како што објави „Катимерини“, случајот е на пат да се претвори во билатерален проблем и да создаде тензии меѓу Атина и Тирана, откако претседателот и премиерот на Албанија изјавија дека внимателно следат што се случило и дека од грчките власти бараат целосна истрага за причините за смртта на албанскиот државјанин.
Според полицијата, Пелумб Марниколај (29), кој веќе бил осуден на осум години затвор под обвинение за грабеж, скокнал од прозорецот на полициската станица кога дознал дека може да добие и дополнителни казни за други кривични дела.
Неговите роднини и неговиот адвокат, меѓутоа, тврдат дека грчките власти прикриваат убиство и инсистираат на нова аутопсија.
Ново на Сител
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница