Свет
6. April 2018 - 12:32

Тензии меѓу Панама и Венецуела, се повлекуваат амбасадори

Панамската Влада соопшти дека ќе го отповика својот амбасадор во Венецуела и побара од Каракас да го повлече својот дипломатски претставник од Панама, со што ескалираат тензиите меѓу двете земји.

Властите во Панама синоќа потврдија дека таквиот потег претставува одговор на одлуката на Венецуела да ги прекине трговските односи со повеќе панамски официјални претставници и компании, вклучувајќи ја авиокомпанијата „Копа“ и претседателот Хуан Карлос Варела, поради наводна вмешаност во перење на пари.

Минатиот месец Панама го стави венецуелскиот претседател Николас Мадуро на листа на граѓани кои ги смета за „високо ризични“, кога станува збор за перење на пари.