Тензично вечерва пред Народното собрание во Софија, жандармеријата ги крена штитовите
Вечерва, на 56-от ден од протестите во Софија против владата на Бојко Борисов, дојде до ескалација на незадоволството на многубројниот народ, кога прво околу 20 часот демонстрантите почнаа да фрлат петарди врз зградата на поранешниот Партиски дом, а час подоцна, почнаа да се слчушаат и посилни детонации. Построените жандарми пред толпата ги кренаа штитовите и ги засилија одбранбените позиции, пренесе БГНЕС.
Демонстрантите уште од претпладневните часови беа собрани пред зградата на Народното собрание,а во попладневните часови нивниот број нагло се зголеми. Во текот на денот, додека траеше седницата на Народното собрание, немаше некои поголеми ексцеси.
Врз полицајците, кои ја чуваат зградата на поранешниот Партиски дом вечерва беа фрлени мноштво петарди, а десетина пукнаа меѓу нозете на полицајците.
Полицајците побара засилување и кордонот под итно беше засилен со нови сили, кои застана во нов, втор ред заштита, зад припадниците на единицата за справување со прекршувања на јавниот ред.

Арман Бабикјан од „Отровното трио” и даде рок на владата до утре изутрина да си поднесе оставка.
Се скандираат непристојни пароли против премиерот Борисов, а се бара и негова оставка, оставка на владата и на државниот обвинител Иван Гешев, трите главни барања на демонстрантите во овие 56 дена протести во главниот град на Бугарија.
Ново на Сител
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни