Тензична ситуација пред Националниот театар во Тирана
Тензична ситуација владее претпладнево пред Националниот театар во Тирана, од каде пред најавеното уривање на објектот, за денеска е планирано изнесување на предмети и други средства од објектот.
Од една страна е распоредена полиција која во поголем број е ангажирана да овозможи непречено изнесување на предметите, а од друга страна се наоѓаат членовите на Алијансата за обрана на театарот и граѓани кои се против уривање на овој значаен објект од албанската култура.
Тие се спротивставуваат на асистенцијата на полицијата и бараат таа да се повлече.
Досега ситуацијата, иако е тензична, сепак не се забележани инциденти.
Одлука за уривање на Националниот театар, без присуство на опозицијата, донесе албанскиот Парламент во септемри минатата година. Нов театар ќе се гради на друга локација.
Националниот театар се смета за еден од најубавите и најзначајни објекти по кој е препознатлива албанската метропола.
Тој е дело на италијанскиот архитект Џулио Берте, изграден 1938/39 година по барање на албанското кралско семејство. Целиот комплекс „Национален театар“ опфаќа површина од 13 илјади квадратни метри, а на седум илјади од нив е објектот во кој освен тетатарот има и библиотека, центар на преведувачи, информативен центар и слично.
Против негово уривање се изјасни опозицијата, поголемиот дел од албанските актери и дел од граѓанскиот сектор, кои обвинуваат дека Владата на премиерот Еди Рама на оваа атрактивна локација ќе дозволи изградба на повеќекатници.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници